ДАМЕ ЧКАТРОСКИ
Секоја година, па и оваа, следи мала анализа за она што нè очекува во 2022 година.
Станавме досадна држава по безбедносни прашања. Секако препорачувам да се следи линијата Москва-Минск-Киев-Белград-Додик.
Непознаница останува вооружувањето на Србија. Некои го толкуваат со ПР на Вучиќ.
Некој за предмет и заедничко множество на Србија со Русија каде дел на провизиите се секако во прашање, па до одгледување на армијата и милитантите во Белград. Има од сè по нешто.
Особено после кризата на Украинско-Руската граница, каде и да е таа, Додик и Белград ги зголемуваат нивните активности. Исто како Лукашенко кој со Белорусија, за 5-10.000 долари по патник, си зеде бегалци да си прави театар на полско-белоруската граница, каде Полска особено е нервозна и работи на историски принципи на непријателство со Белорусија и Русија.
Гасот е на маса и Нордстрим 2. Русите особено милитантно се острат, да би добиле на цена на нафта и гас овие 4-5 декади. Дури војни правеа по Арапскиот полуостров кога нафтата беше и 2 долари.
Старо е тоа испробано искуство кое работи извонредно во полнењето на буџетот, те на СССР, те на Русија.
А, што има во Македонија или Република Северна Македонија?
Кога се однесува на целокупна Македонија и Тракија, таму ситуацијата се подобрува. Храната е со особено висока цена, та цела Македонија и Тракија ќе профитираат овие години. Тоа треба особено ние да го искористиме со нови стратегии. Ако ги има, разбира се.
Македонија и Тракија ќе треба да им објаснат дека копање на биткоини и раст на цената на енергенсите е време овие парајлии убаво да платат и за храната. Ова го копирав од грчките медиуми. Светот само со Фејсбук и биткоини не може да живее ако нема храна. Пошто направија многу пари, време е малку да извадат од џебот за храната. Онака како Бил Гејтс.
Кај нас е една внатрешно-политичка рашомонијада. Ништо опипливо и сериозно. Се сведе на таква рекла/казала, што не може да се изработат никакви практични заклучоци и анализи.
Вмро-Дпмне тврдат дека Груевски и Заев го договориле Ковачевски. Дека Ковачевски сè што има во животот им должи на Груевски, но во помодерно време и на Зоран Заев.
Сè некакви замешанија во струја и приказни за блискоста со Иво Ивановски, Жарко Луковски и Мијалков, па до пасови на Груевски да биде директор на ВИП и блискост со мегавати преференцијално платена струја, па до увози на струја.
Притоа, го пуштија Марјан Ѓорчев на емисија на еден познат водител да раскажува работи со кои од прва сам си се отпука и не може никако да преговара со Бугарија. Едноставно, во емисијата се зборуваше за такви работи кои од прости дипломатски причини било кој сериозен не би ги соопштил.
СДСМ, пак, потона со самоотпукување во случајот Данела Арсовска-Бугарка/Петричанка.
Овој дел особено ги загрижи сите, а е направен во хаосот на СДСМ каде ќе треба долго да се извинува.
СДСМ пак со шпекулациите дека Вмро-Дпмне добиле огромни пари од Русија или невидени црни пари на терен со чанти и куфери каде до сега не видовме нити еден доказ за ваква работа која може да ги подрива нашите безбедносни капацитети и сега и во иднина.
Значи, 2021 година ја поминавме само во ЦРН ПР-ски изместен скеч каде двете страни, а и една помала партија за која е „непознато“ дали е екстремно лева или екстремно десна, и немаа нешто опипливо на маса освен – ПРИКАЗНИ.
Тука џандарите и нашето параполициско криминално подземје, како и секогаш, а така и денес ги пуштаaт шпекулациите на најсилно.
Во политичка криза, тие се тука да ни објаснат што не знаеме и што знаеме и дури и за договорите на Зоран Заев со Груевски како СДСМ сега треба да потони и нов премиер во 2022 година да биде Мицкоски кои ќе работи на реформи и амнестија на Груевски и Зоран Заев со нивните.
Додека траат овие сите приказни единствено срамежливо можеме да кажеме дека членството во НАТО особено влијае на нашата безбедност. Од тоа дека ќе ја снема државата ако победи тој и тој до стеснување на можностите за безбедносни предизвици.
Единствената добра работа во овие 30 години е членството во НАТО.
На нашиот параполициско криминален свет им докусури убави приказни.
А 30 години слушавме колку се убави и интересни, а сега толку опскурни, смешни, дури и неиздржани приказни.
Избори ќе има оној момент кога одлучи Али Ахмети. Ни порано ни подоцна. Добро е што имаме повеќе центри на моќ каде за овие работи се одлучува.
Колоритна и интересна сме земја каде повеќе ликови мислат, а не само премиер и претседател.
Не само што вака калкулациите се поголеми, туку и се пази сите страни да се задоволни и политички да се надигруваат.
Нова Година ќе ја дочекаме со Влада во Оставка и велиме –ЧУДО ГОЛЕМО.
Ете веќе еден степен сме позрели. До денес ова не смеевме да го направиме заради безбедносни причини. Влада не мора да имаме ни до февруари, а не е ни битно што и кој ќе е премиер 3 или 6 месеци пред избори.
Овие теми до денес беа она, живот или смрт, а сега веќе и не обраќаме посебно внимание.
Да живее Република Северна Македонија, Македонија и НАТО
Среќна Нова и да се пазиме од Ковидот.












