• Latest

Струјата поскапува за 9,48 проценти, да празнуваме одговорно, пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, новогодишни пакетчиња за ранливите категории деца, ЦИВИЛ со инфо-штандови посветени на европските вредности

December 30, 2021

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Струјата поскапува за 9,48 проценти, да празнуваме одговорно, пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, новогодишни пакетчиња за ранливите категории деца, ЦИВИЛ со инфо-штандови посветени на европските вредности

December 30, 2021 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Од 1 јануари струјата поскапува за 9,48 проценти, се укинува и дневната евтина тарифа

Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48 проценти, а од 1 јануари се укинува и дневната евтина тарифа, соопшти денеска Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Ова поскапување се однесува на домаќинствата и малите потрошувачи кои струјата не ја купуваат на слободниот пазар, туку ја набавуваат од „ЕВН хоум“ по регулирана цена.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Спасовски: Да празнуваме одговорно, пиротехниката да им ја оставиме на професионалците

– Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да не го објавуваме нашето отсуство од домот, правејќи го така попривлечно за крадците и разбојниците, а сомнителните појави да ги пријавиме во најблиската полициска станица. Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, оти далеку поубаво место за прослава е кругот на најблиските одошто  ургентните центри. Иако за полицијата нема празник и таа ќе биде присутна на терен, да се воздржиме од инциденти, бидејќи тие само ја уништуваат празничната атмосфера, вели во новогодишното обраќање Спасовски.

Нова рубрика „Брза пошта“ – Вашите мисли и опсервации, жолти и црвени картони, кратки белешки и пораки, отсега во брза пошта. Останете гласни! 

Цивилмедиа.мк воведува нова рубрика – „Брза пошта“, каде што авторките и авторите можат да ги овековечат своите мисли, белешки и пораки. Во трката со времето, често се нема време за пишување долги и елаборирани коментари и анализи, а потребна е брза реакција. Затоа, Редакцијата одлучи да отвори таков простор кој може да послужи и како своевидна комуникациска алатка, размена на мисли и пораки, но и вовед во пошироки анализи и мислења.

 ФЛЕШ ВЕСТИ

ОСТАВКА ВД директорот на МКЦ, Русе Арсов денеска соопшти дека се повлекува од функцијата Вршител на должност Директор на Јавната установа Младински културен центар.

-По три ипол години,  премногу љубов, страст и жар –не издржа срце јуначко па од здравствени причини ќе морам самиот да се повлечам од оваа функција.

Вчера беше претежок ден за сите нас. Најпрво од медиуми дознавме дека сме криминалци и дека има предлог за тоа да бидеме гонети. А потоа  и дека наградата за успешното работење изминатиот период е претставена преку намалување на буџетот за програма за 50 %.

РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ Активисти на Центарот за современи умености, под мотото „Среќна Нова Година Скопје“, направија предновогодишна креативна акција, со цел на граѓаните на Скопје да им го доловат новогодишниот дух и новогодишната магија, како и да ги изненадат и израдуваат ранливите категории деца со новогодишни пакетчиња и слични подароци.

УСТАВЕН СУД Уставниот суд моментно функционира без една третина од судиите, а од средината на јануари ќе се испразни уште едно судиско место, што значи петмина судии. Уставот како највисок акт предвидел дека во името на граѓаните ќе одлучуваат девет судии, информира денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска. Таа на денешната прес-конференција предупреди дека со неизбирањето на нови судии ќе се предизвика дисбаланс меѓу евентуалниот напад врз уставниот поредок и заштитата на истиот од страна на судот.

ЗАГАДУВАЊЕ За загадувањето на воздухот направивме контрола во Скопје на скоро сите субјекти од големата индустрија како што се Макстил, Цементарница, Дрисла итн. Скоро секаде има направено мерења согласно А-интегрираните еколошки дозволи. Инаку, секоја година во планот за надзори ни се предвидени овие компании, обично во декември и јануари. Немаше отстапувања во однос на зададените параметри во интегрираните еколошки дозволи. Дел од нив имаат и сопствен 24-часовен мониторинг  како што се Цементарница, Дрисла и Макстил, информираше денеска в.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски.

ОТПАД Секој жител во 2020 година создал по 452 килограми комунален отпад, што е раст од четири килограми во однос на 2019 или дури 68 килограми повеќе споредено со 2016 година. Од вкупно создадени 913 илјади тони комунален отпад, околу две третини или 630 тони се собрани и завршиле на депонија. Најмногу произведен и рециклиран отпад е од хартија, покажува Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика за демографските и социоекономските состојби во Република Северна Македонија во 2020 година.

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ Меѓународната организација на трудот (МОТ) го реализираше тригодишниот Проект за зајакнување на социјалниот дијалог (јануари 2019 – декември 2021), финансиски поддржан од Европската Унија, чија цел е да придонесе во создавање повеќе и подобри работни места. Како што соопшти Канцеларијата на МОТ во земјава, проектот го поддржа учеството на институциите за социјален дијалог во креирањето политики на национално и на локално ниво и практиката на редовни консултации преку националниот и локалните економско-социјални совети.

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА По повод новогодишните празници, во Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, лоциран во Момин поток традиционално на бездомните лица им беа доделени хуманитарни пакети со топла облека и храна.

-На денешниот ден ги означуваме сите предновогодишни, новогодишни и божикни празници со најзагрозената категорија бездомниците со еден предновогодишен богат ручек. Пунктот за бездомници содржи стационарен дел кој што веќе 11 години е место кое што се згрижува оваа ранлива група каде што при екстремно ниските температури е отворено 24 часа и ја дава максималната поддршка, истакна Драгана Лазаревска, координатор на Пунктот за бездомници на Црвен крст.

ИНТЕРВЈУ

Даниела Рангелова за изборите, црните пари во кампањите, семејното насилство, родовата еднаквост и медиумите (3)

Трет и последен дел од интервјуто со Даниела Рангелова за ЦИВИЛ МЕДИА во кое таа говори за тоа дали се потребни предвремени парламентарни избори, црните пари во кампањите и проблемот со безбедносните структури и несигурноста на државата. Таа говори и за семејното насилство и родовата еднаквост, како и за слободата на медиумите.

 

КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕ

Спасовски: Секој организиран криминал завршува со тероризам

Во рамки на проектот на ЦИВИЛ „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, зборува за тоа која е врската меѓу нелегалната трговија со оружје со организираниот криминал во земјата и регионот?

АКЦИЈА

ЦИВИЛ со три инфо-штандови посветени на европските вредности

Активист(к)ите на ЦИВИЛ денеска одржаа инфо-штандови посветени на промоција на европските вредности и интеграции, пред влезот во ГТЦ во Скопје, пред ТЦ Буњаковец и на „Улица Македонија.

На инфо-штандот, активист(к)ите на ЦИВИЛ во директна комуникација со граѓанките и граѓаните имаа можност да слушнат и споделат размислувања и ставови во однос на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Патријархатот кој е исклучително изразен во нашето општество, за жал предизвикува друга појава, чии последици веќе почнуваме да ги чувствуваме, а тоа е – маскулинизација на жената.

Жената, тргнувајќи од улога на жртва (генерациски гледано, а често и персонално), се приморува да ја зајакне нејзината маска енергија и маски особини, за да може да се „снајде“ и да преживее во токсичното маскулинистичко опкружување. Секој ден се повеќе е убедена дека доколку дозволи да се „соблече“ од ваквиот штит ќе биде унакажена како емотивно така и социјално.

Од таа позиција на жртва, се губи довербата во нејзиниот (потенцијален) партнер во однос на задоволување на нејзините архаични потреби кои се длабоко врежани во нејзиното битие. Таа недоверба носи кон тежнеењето да сама си ги задоволи тие потреби, а доколку (што е природно) не може, тогаш се откажува па дури и ги потиснува и негира истите, колумна на Лиза Баута Шаќири „Не можеме без мажи, а истовремено да останеме жени“

Пуштањето од притвор на Сашо Мијалков делува логично: човекот има две височки неправосилни затворски пресуди, обвинет е уште во два „потешки“ предмети, а осомничен е уште во неколку други случаи, па треба да му се овозможи да излезе од Шутка за да види и на мир да размисли, без притворски психолошки притисок и правна принуда, што ќе прави со себе понатаму. Дал имотни гаранции од 11 милиони евра од кои е прашање што и дали би можело нешто да се наплати во случај на бегство, а бидејќи тој имот – дури и ако може да се наплати во некоја фантастична конфискациска постапка – и така е со веројатноста на здравиот разум стекнат како след на компликувани кривично-правно-финансиски околности во половина дузина предмети за кои го судат, па речиси сигурно може да се тврди дека е сентиментално силно врзан кон него. Многу би пател ако го загуби. 11 милиони! Не се тоа „11 крушки“, што би рекол градоначалникот на Карпош, уште еден локален експерт за милиони, читајте во новата колумна „Навистина, зошто би имало потреба Мијалков да бега?!“ на Сашо Орданоски.

Истече и оваа година, а се мачам да ја крстам некако, пред да се збогуваме со неа. Конкуренцијата во негативни предзнаци навистина е голема и тешко е да се избере. На крајот од годината, како да исплива и потврдата дека Македонија е библиска земја. Во библијата има една приказна за таткото кој го дочекал својот син кој одамна се изгубил. Приредил богата вечера а на прашањето на помалиот син, кој цело време бил до него, зошто за него никогаш не приготвил таков оброк, му одговорил: „Тој беше изгубен досега и сега се враќа во мојот живот и затоа треба да се одбележи богато неговото враќање, а ти си овде и со тебе секој ден ја делам љубовта, додека тој беше далеку за неа да ја добива“, пишува Војо Маневски во „Збогум  годино за заборав“

Веројатно во некое понормално општество воопшто немаше да биде дискутабилно дали една операција кава што е пописот на населението е успешно спроведена. За жал, кај нас, една таква операција е оптоварена од политиканство, национализам, партиско препукување и позиционирање, разни сомнежи и недоверба во институциите, предрасуди, па сѐ до дезинформации и говор на омраза.

Поради ваквиот контекст, позитивна вест е дека во Република Северна Македонија, во 2021 година се одржа успешен попис на населението. Успешен попис на население после повеќе од 19 години и еден неуспешен обид некаде во 2011-та година, пишува Џелал Хоџиќ во колумната „Зошто е важен пописот за помалкубројните заедници?“

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ