Албанските студенти денес повторно организираа протест пред Министерството за образование во Тирана. Ова е четврти ден на студентски протести во земјата со барања до владата да се намалат трошоците и да се подобри квалитетот на високото образование.
Протестот на Националната студентска унија на Албанија денеска се одвива под слоганот „Втор декември – Нема преговори, единствено исполнување на барањата“, асоцијација на стидентското движење од 8 декември 1990-та година кое денеска се слави како државен празник во земјата.
Пред три дена албанската Влада го исполни едно од барањата на студентите со укинување на членот од законот за високо образование со кој се предвидуваа нови трошоци за повторен упис на година и полагање заостанати предмети.