Претприемачите меѓу другото бараат и усвојување на предлог-законот за поедноставен систем на користење фискални каси и други олеснувања во даночниот законик. Откако прошетаа низ улиците во центарот на градот демонстрантите се вратија пред зградата на Радата и продолжија со протестите. Иницијативна група од демонстрантите потоа се обиде да влезе во зградата на парламентот, по што дојде до тепачка, а полицијата употреби солзавец, Полицијата при расчистувањето на настанот уапси неколкумина од учесниците, меѓу кои и организаторите, кои на насобраните им се обратија од бината.