Неколку илјади демонстранти излегоа на протест во главниот град на Унгарија, Будимпешта, против новиот закон за работни односи.
На транспарентите можеа да се видат пораки со различна содржина, а на демонстрантите им се приклучија и студентите.
,,Слободна земја, слободен универзитет”-извикуваа тие. .
Протестот беше организиран поради неодамнешните измени на законот за работа за кој синдикатите и опозицијата тврдат дека ќе им наштети на работниците.
Демонстрантите се главно незадоволни со законот, кој им овозможува на работодавачите од вработените да бараат да работат прекувремено 400 часови годишно.
Усвоен е и законот за управните судови, за кој групите за човекови права сметаат дека може да доведе до политичко мешање во судските прашања. Унгарската Влада ги отфрла таквите обвинувања.
Помеѓу демонстрантите имаше голем број студенти, кои исто така протестираат за затворањето на Централниот Европски Универзитетот, основан од Џорџ Сорос.