Миле Јанакиески и Кирил Божиновски остануваат во притвор во затворот „Шутка“.
„Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни седници од 26.11.2018 година, на ден 27.11.2018 година донесе одлуки со кои жалбите на обвинетите М.Ј. од С. и К.Б. од С., изјавени преку нивните бранители ги одби како неосновани и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје I Скопје, со кои на обвинетите им е определена мерка притвор“, пишува во соопштението на Апелацискиот суд Скопје.
На вчерашната јавна седница, обвинетите пред судиите во Апелација побараа укинување на притворот, каде Божиновски посочи дека нема намера да бега, а како доказ за тоа го посочи тоа што 17 месеци ги почитувал мерките на претпазливост определени од судот.
Според Јанакиески при определувањето на мерката притвор институциите ги прекршиле законите и човековите права.
А.П.