Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска админисрација денеска од 9 до 11 часот протестираа пред судот во Штип. Ккао што велат во соопштението, тие се незадоволни од дискриминаторскиот однос кон нив во однос на платите, каде покачувања за судии има, а не и за судската служба.
„Пораката од протестот е следната: Апелираме до Судскиот буџетски совет да ја прекине праксата на дискриминирачки и игнорантски однос кон судската служба со донесување одлуки според кои пари за судиите има, за службата нема. Да прекине содавањето на раздор, незадоволство и револт со ваквите одлуки. Да покаже искрени намери во градење на ефикасно судство како стратешка определба на РСМ, со тоа што ќе отпочне да го намалува, а не да го зголемува јазот меѓу судиите и судската служба“, се вели во соопштението.
Судските административци велат дека дел од судството се и тие дека вработените во судска служба заслужуваат еднаков третман.
„Го повикуваме Министерството за правда, повторно како и миниатата година да ја заземе праведната страна која ја исправи неправдата од 2014 година со измени на ЗСС и овозможување на СБС во донесувањето на вакви дискриминирачк одлуки во иднината“, велат од судската служба.
С. М. Ж.