поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Министерот за правда е сигурен дека Владата со просто мнозинство од еден или двајца пратеници е “стабилна и има четиригодишен мандат да испорача доволно реформи”.
Останува да видиме дали и кога оваа “стабилна Влада” ќе ги почне реформите и најавените прочистувања на обвинители и судии, со коалиција составена од партии чии лидери и функционери се обидуваат да се спасат од повеќегодишниот криминал, корупција и неморал, откриен во извештајот на Прибе.
Остана, исто така, да се надеваме дека “Владата со четиригодишен мандат”, со реформите што ќе ги испорача, ќе успее да ги реши бројните криминални и коруптивни афери и скандали кои во јавноста долго време се предмет на интерес и од 2006 да остане на власт цел четиригодишен мандат.