Тимот од Црвен крст на град Скопје, вчера на Клиниката за детски болести ги посети хоспитализираните деца.
Членовите на тимот беа маскирани во костими од омилените херои од цртаните филмови.
Децата и останатите присутни на клиниката имаа прилика да се дружат и фотографираат со маскираните главни јунаци Спајдермен, Супермен и Бетмен.
Ова е втора ваква акција на Црвениот крст, а целта е да им се олесни и разубави престојот на децата во клиниката.