Тран Ти Нга, мајка на две деца, била претепана и добивала смртни закани во виетнамски затвор, каде што отслужувала долга казна за нејзината мирна работа за човекови права, објави Амнести Интернешнл.
Во 2017 година, Тран Ти Нга, беше уапсена за мирно протестирање поради големата еколошка катастрофа во која загинале стотици илјади тони риба и остави милиони невработени. Таа била обвинета и осудена на девет години затвор и пет години домашен притвор.
Во август 2018 година, таа била брутално претепана и добивала закони по животот од друг затвореник во напад кој најверојатно бил организиран од страна на затворските чувари. Неодамна чуварите и забраниле да го гледа своето семејство како казна за тоа „дека не ги следела затворските принципи“, без понатамошни причини дабидат обезбедени.
Виетнам е држава во која има најголем број затворски казни за мирољубивите активисти во југоисточна Азија. Тортурата и малтретирањето, вклучувајќи и притворање без адвокат или можност да се извести било кој од семејството, бескрајно ставање во самица, претепување и намерно ускратување на лекарска нега се вообичаени практики.
Тран Ти Нга не е безбедна во затворот. Амнести Интернешнл изрази сериозна загриженост за нејзината благосостојба и издаде повик за нејзино непосредно и безусловно ослободување.