CivilFest
Categories

КОНФЛИКТИ Сведоштва од Јужен Судан: „Ако ве фатат, ке ве убијат“

Граѓанската војна во Јужен Судан беснее веќе пет ужасни години. Со невидена бруталност, владини војници и сојузната паравоена формација намерно ги таргетираа цивилите – ги силуваа, ги спалуваа живи, ги бесеа на дрвја и ги прегазуваа со оклопни возила. Во најновиот напад што започна во областите Лир и Мајендит, кон средината на април, најмалку 120 девојчиња беа силувани и силувани од цели групи. 232 цивили беа убиени и над 31.000 лица беа разместени.

„Кога започна нападот ние сé уште спиевме рано тоа утро, со сопругот заедно се стрчавме кон мочуриштето. Подоцна тоа утро, откако заврши пресметката, војниците дојдоа до мочуриштето во потрга по луѓе и областа каде што се криевме ја изрешетаа со куршими. Мојот сопруг беше погоден; извика од болка. Тој сé уште беше жив, така што војниците го фатија и пукаа повторно во него и го убија.

Во 2015, владините и опозициските сили потпишаа мировен договор и се обврзаа да формираат специјален „Хибриден Суд“. Но и по три години, владата сé уште нема потпишано Меморандум за разбирање за да се воспостави судот – ниту пак има преземено било какви чекори за да се стави крај на ужасното насилство. Мора да вршиме притисок врз владата на Јужен Судан за да ги изведе сторителите пред лицето на правдата.

Кога Амнести Интернешнл ја посети Единство во 2016 година, беа идентификувани четири лица осомничени за воени злосторства и злосторства против човештвото. Амнести Интернешнл го повика началникот на генералштабот на Јужан Судан да споведе истражување за тие лица. Немаше одговор. Во неодамнешни извештаи на ОН се сугерира дека некои од овие лица можеби се инволвирани и во злосторствата што се извршени оваа година.

Невозможно е да се игнорира суровата реалност – доколку властите на Јужен Судан имаа реагирано на предупредувањата уште во 2016 година, овој последен бран на насилство против цивилите можеби ќе беше избегнат.

Амнести вели дека ќе продолжи да документира злоупотреби и да ги идентификува оние кои се одговорни за воени злосторства. Најистакнатата организација за човекови права во светот повикува на помош за продолжување на оваа критична работа, преку поединечни донации.

Извор: Amnesty International

 

Print Friendly, PDF & Email