Оваа година во Давос, Швајцарија, Светскиот економски форум ќе помине без најголемите политички имиња во светот поради проблеми во нивните земји.
Форумот ќе трае до 25 јануари и се очекува присуство на 3.000 луѓе од бизнис и политичката сфера. Се очекува присуство на германската канцеларка Ангела Меркел, јапонскиот премиер Шинзо Абе и италијанскиот премиер Џузепе Конте.
Американскиот претседател Дoналд Трамп го оправдал отсуството поради прашањето околу прекинот на финансирањето на администрациите во Вашингтон. Британската премиерка Тереза Меј нема да присуствува поради кризата со договорот за Брегзит, а францускиот претседател Емануел Макрон поради големите протести во земјата.
На форумот ќе присуствува и македонска делегација предводена од премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.
Се очекува Заев да оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
На форумот во 350 јавни дискусии ќе се зборува за дигитализација, климатски промени, вештачка интелегенција, но и за зајакнување на светската економија.
Б. Ј.