Во периодот од 7 часот на 16 април до 7 часот на 17 април, на подрачјето на СВР Тетово вкупно 5 лица не ја почитувале, односно ја прекршиле одлуката за ограничено движење, поради што се лишени од слобода, задржани во полициските станици Тетово и Гостивар и на сите ќе им се изготват поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Во Полошкиот регион 791 лица се изолирани и во државен карантин.
„Во овој период вкупниот број на лица спроведени во државен карантин изнесува 210 (ТЕ-62 и ГВ-148). Полициските службеници на СВР Тетово извршиле контроли на вкупно 328 лица (ТЕ-301 и ГВ-27) со решенија за изолација издадени од Државен здравствен и санитарен инспекторат”, информираат од СВР Тетово.
Освен нив контролирани биле и 253 лица со изјави за самоизолација 180 во Тетово и 73 во Гостивар. При контролите на лицата со решенија и со писмени изјави не се констатирани непочитувања.
А. З.












