Во Основниот суд Скопје 1 денеска најголемо внимание привлече сведочењето на еден од свиркачите на Министерството за внатрешни работи што беа заслужни за „бомбите“, Ѕвонко Костовски, во предметот „Тврдина-Таргет“.
Според неговото сведочење прислушкуваните разговори од УБК биле поделени во категории, новинари, политички партии и бизнис заедница.
Во дел од сведочењето, Костовски наведе дека просториите каде што бил сместени системот за прислушување била под клуч кој го чувал тогашниот началник Небојша Стајковиќ. Во просторијата каде биле лоцирани системите, подоцна само неколкумина можеле да поминат со службена картица. За тоа одлучувал обвинетиот Горан Грујовски. Костовски наведе и дека екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков имал можност да ги слуша разговорите.
Во „Тврдина-Таргет“ обвинети се и Горан Грујовски, Никола Бошковски, поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска, екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски.
Б. Ј.