Јован Теговски, националниот координатор и шеф на македонската делегација во ИХРА на конференцијата одржана по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот истакна дека денеска сите сме сведоци на растењето на антисемитизмот, не само во неговата традиционална форма, туку и во нова пософистицирана форма.
„Антисемитизмот на интернет и на социјалните мрежи стана глобален феномен. Се соочуваме со многу сериозен проблем, проблем којшто не се однесува само на Евреите, туку проблем којшто е глобален, бидејќи антисемитските инциденти ги доведуваат во прашање демократските вредности на нашето општество“, истакна Теговски.
Тој потоа зборуваше за активностите коишто се случуваат во Македонија во процесот на борба против антисемитизмот и одрекувањето на Холокаустот.
Превод и обработка на текст: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети