Тимот на Цивил Медиа ноќта во среда снимаше низ улиците на градот Тетово. Мирна ноќ со празни улици, а низ градот се гледаше само полициски патроли и пунктови, екипи на Јавното Комунално Претпријатие и тимови кои прскаа против корона вирусот, и кучиња бездомници.
Низ улиците не се забележаа коли како првата ноќ кога дури 7 мина во овој град и Гостивар беа и лишени од слобода. При влезот на градот се вршеа контроли и легитимација, полицајците со маски, ракавици, по сите професионални и вонредни мерки ја спроведуваше задачата. По легитимација и проверка на дозволата издадена од Министерството за информатичко општество полициските службеници ни посакуваа среќен пат а ги известија колегите и централата за регистрацијата на колата која ќе изврши снимање. Вработените од СВР Тетово се приметуваше дека професионално ја извршуваат задачата, ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот и имале професионално однесување.
Низ градот улиците беа празни, сами со паркирани коли до станови и куќи. Не се приметуваше движење на цивилни коли, а институциите ја користеа ноќта за бришење на потребните задачи за чистење и дезинфекција на улиците и градот.
Заклучокот од нашата посета е дека во Тетово се почитува полицискиот час а по првиот ден кога имало регистрирано и неколку прекршувања дисциплината расте секој понатамошен ден.
A. Зеќири