Categories

ЕКОНОМИЈА Тевдовски: Имаме најдобри резултати во спроведување на економските реформи од сите земји од Дијалогот со ЕУ

Mинистерот за финансии Драган Тевдовски на конференцијата за почеток на Програмата за економски реформи 2020-2022 истакна дека Република Северна Македонија забележува најдобри резултати во спроведувањето на мерките од Програмата за економски реформи во споредба со другите земји од процесот, согласно оценките на програмите од страна на Европската комисија.

„Членството во ЕУ е јасен приоритет на Владата. Тоа се гледа и од спроведувањето на мерките од Програмата за економски реформи. За споредба, откако започна да се подготвува Програмата, до 2017 година, реализацијата на препораките од заедничките заклучоци, беше доста ниска. Постојано беше посочувано дека земјата нема стратегија за реформи во јавните финансии, недоволна транспарентност во јавните финансии, честа промена на законите и некористење на алатката ЕНЕР за консулатции со јавноста по предлог закони, како и непреземање на активности во однос на неформалната економија“, рече Тевдовски.

Тевдовски истакна дека со последните две Програми за економски реформи, поконкретно Програмата 2018 и Програмата 2019, направен е целосен пресврт во поставување и реализација на мерките.

.Андреас Пападопулос од Генералниот директорат на ЕК за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, истакна дека главна цел на подготовката на Програмата за економски реформи е да го подобри среднорочното економско планирање со цел подобро дизајнирање и имплементирање на структурните реформи кои ќе го поттикнат инклузивниот раст и конкурентноста.

На настанот присуствуваше и специјалниот советник за економија на Владата од Германија, Валтер Дефа. Тој посочи дека целта треба да биде повисок раст, но не само квантитативен, туку одржлив, инклузивен и „паметен“ раст – базиран на нови технологии и иновации.

На конференцијата присуствуваше и Јана Репаншек, директорката на Центарот за извонредност на финансиите (ЦЕФ). Таа истакна дека преку редовните обуки кои ги одржува ЦЕФ, континуирано се зајакнуваат капацитетите на вработените во институциите. ЦЕФ започнал к со имплементација на регионален проект за поддршка на земјите во процесот на подготовка на програмите за економски реформи. Се очекува проектот да придонесе за значително подобрување на квалитет

Print Friendly, PDF & Email