Министерството за финансии извести дека преку преку Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, со поддршка на Светска банка и Европската унија, од почетокот на годината се реализирал 3 милиони евра инвестиции.„Морам да кажам дека на почетокот на годинава имаме одлична реализација на Проектот за подобрување на општински услуги. Преку 3 милиони евра се вложени во изградба на локални патишта, водоснабдување, зелен пазар, гимназија, општинска зграда, во 27 општини. Преку Проектот за подобрување на општински услуги сакаме во сите општини во земјава да обезбедиме подобри услови за живот за сите граѓани“, рече Тевдовски.
Вкупниот фонд на МСИП е 81,1 милиони евра. Преку Проектот за подобрување на општински услуги досега се поддржани над 250 капитални проекти во сите општини во земјава. Станува збор за проекти кои треба да придонесат за подобрување на условите за живот како локални улици, водоводи, канализации, градинки, училишта.