поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Сигурен сум дека не постои правна држава во која владее законот, од буџетот да се плаќаат гласачите на партијата на власт, без да се појават на работа, како што е РСМ.
Претпоставувам дека ова му е познато и на Амбасадорот Тимоние.
*
Ќе беше интересно лично од амбасадорот Тимоние да дознаеме дали од средбата со Амети излезе убеден дека ДУИ навистина е за правна држава и владеење на законот, како што читавме во нивното соопштение.
*
Последователна измама на Бујар О. е националниот парк на Попова Шапка, каде што има повеќе крави, коњи и кучиња, отколку луѓе и од сите страни на населбата, со исклучок на хотелот СКАРДУС, тече фекална канализација. Ниту Владата, ниту Општината, ниту ЕЛЕМ преземаат нешто.
*
Во РСМ, со специјален закон, беше дозволено да се објави еден дел од тајните снимки на граѓаните, извршени од УДБА, додека со „нормален“ закон, со цел да се заштитат некои други, спротивно на препораката на Венецијанската Комисија, се забрани објавувањето на другиот дел.
*
На Мицкоски треба да му е јасно дека, хронолошки, логички и според обемот, потребно е прво да се расчисти со десетгодишниот криминал и корупција на ВМРО и ДУИ, па после, евентуално, да дојдaт на ред поновите на СДСМ и ДУИ.
*
Од Никола Димитров чувме дека против криминалот и корупцијата ќе се бориме по добивањето на датумот, додека Бујар ни соопшти дека, ако не го добиеме датумот, „последиците се многу посериозни во внатрешните стратешки прашања на државата, но и регионалните и целата поставеност на ЕУ“. Според тоа, нека му се мислат тие, а не ние.
*
Со „ситници“ како досието ПАЦИЕНТ и други слични, ние нема да се бавиме.
Ретко кој знае дека во Тетово постои ретка туристичка атракција „Парк на пчелите“ без пчели.
Се наоѓа карши Шарена Џамија.
*
Треба да му веруваме на Бујар„дека и во овој краток период што ни претстои, буквално херметички(!) ќе ги затвориме сите евентуални можности за изговор или скептицизам кај земјите-членки, и со тоа заслужено ќе ја обезбедиме кристално чистата одлука за старт на преговорите.“
*
Ќе се случи ова сигурно, зашто на повидок е од ВМРО и ДУИ долгогодишното очекувано решение, од гонење за криминал и корупција да не одговараат сите тие за кои се формираше СЈО, а досиејата за предметите да завршат исто како опремата со која е извршено тајното снимање на граѓаните.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања