Комисијата за политички систем ја прифати иницијативата на Тодор Петров, за собирање потписи за распишување на нов референдум за името, со прашањето „Дали сте за Република Северна Македонија?“, со 8 гласа „за“ и еден воздржан.
„Со измената на Уставот со амандманот 33 направен е обид за промена на името согласно со спогодбата Димитров-Коѕиас која де јуре не постои“, рече Петров.
Според него иницијативата е уредна, покрената на предлог на 179 граѓани и ги исполнува сите услови согласно Законот за референдум.
Претседателот на Собранието треба да даде мислење ако иницијативата на Петров е уредна, откако ќе ја извести ДИК и подносителот има рок од три месеци да собира потписи.
Тодор Петров очекува постапката за собирање на потписи за нов референдум да започне од 15 февруари.
А. П.