На конференција „За општество ослободено од корупција“, сопственикот на „Кубус“, Златко Тодоров, истакна дека банките ја легализираат корупцијата.
„Ви честитам за еден ваков сериозен потфат да се говори јавно за корупцијата, ве поддржувам целосно. Парите што треба да се даваат за корупција мора да оди преку банките. СЈО прочепка во банкарските сметки и видовме дека преку банките корупцијата успеа да се легализира. Банките имаат посебни овластувања корупцијата да ја извршат без да може да им се влезе во систем“, истакна Тодоров.
„Антикорупциска не се распушти поради патни трошоци, напротив. Бирото за вештачење е институцијата која не се спомнува, меѓутоа е сериозно корумпирана. Борете се да не бидете робови!“ – повика Тодоров.
Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска
Конференцијата е дел од проектот „Граѓанки и граѓани за слободно општество“ што го спроведува ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.