• Latest

Топ 7 дезинформации за неодамнешните пожари во земјава и светот

September 7, 2019

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Топ 7 дезинформации за неодамнешните пожари во земјава и светот

September 7, 2019 10:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пожарите се елементарна непогода која можеда биде фатална за човечките животи, животинскиот свет и вегетацијата и будат силни емоции кај јавноста која сака да биде точно и навремено информирана. Иако пожарите се трагични настани, сепак, креаторите на лажни вести не ја пропуштија можноста и од вакви несреќи да извлечат корист.

Ова лето се случија два огромни пожари во светот, гореше Сибир и гореше шумата во Амазон, а во Македонија гореше во Велес и Катланово. Паралелно со ова, медиумите и социјалните мрежи гореа од дезинформации, стари фотографии и лажни вести.

1. Кревање паника со лажни фотографии дека гори езерото Младост

Порталот Пулс24 во периодот кога гореше пожар во околината на Велес, на својата Фејсбук страница објави фотографија од пожар и напиша „моментално езерото Младост“. Сите кои ја видоа фотографијата беа дезинформирани затоа што таа нема никаква врска со езерото Младост, ниту со пожарот во Велес, ниту со Македонија. Станува збор за фотографија од пожар во Калифорнија снимена во август минатата година.

2. Горат рестораните на велешко езеро

За време на големиот пожар што го зафати велешкиот регион, порталот „Лидер“ објави дека се зафатени рестораните на Велешкото езеро. Но, фактичката состојба е дека со пожарот беше зафатен голем дел од боровата шума, празна свињарска фарма и една викендичка, но не и рестораните на езерото.

3. Пожарот во Велес се гаснел со задоцнување од пет часа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на прес-конференција обвини дека пет часа доцнела интервенцијата за гаснењето на пожарите во Велес и го искористи тоа тврдење за да побара оставки од министри и директори. Притоа, Ѓорчев не кажа како добил таква информација, ниту понуди било каков доказ за да ја поткрепи веродостојноста на тврдењето. Ова го демантираше претседателот на Советот на Општина Велес, Ненад Коциќ, кој на Фејсбук напиша дека тврдењата се лажни и злонамерни.

4. Војник спасува јагуар од пожарите во Амазон

Една од најтрогателните фотографии кои се поврзуваа со пожарот што го зафати Амазон е фотографијата на која е прикажан бразилски војник во вода како во прегратки држи јагуар. Објаснувањето за фотографијата беше дека војникот го спасува јагуарот од пожарот, по што фотографијата масовно се споделуваше на социјалните мрежи и собра многу допаѓања, споделувања и позитивни коментари. Но, таа е стара повеќе од три години. Направена е во мај 2016 година како дел од проектот за спасување јагуари во Амазон. Овој млад јагуар бил посвоен од армијата, откако ловџии му ја убиле мајката.

5. Гори Амазон, прашумата кој произведува 20 отсто од кислородот на планетата

Our house is burning. Literally. The Amazon rain forest – the lungs which produces 20% of our planet’s oxygen – is on fire. It is an international crisis. Members of the G7 Summit, let's discuss this emergency first order in two days! #ActForTheAmazon pic.twitter.com/dogOJj9big

— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) August 22, 2019

За време на пожарите во Амазон, медиумите, како и познати личности пишуваа дека горат белите дробови на планетата Земја, бидејќи прашумата во Бразил произведува 20 отсто од кислородот на планетата. Но, научниците велат дека ова е неточно. Всушност, областа го апсорбира истото количество на кислородот кое што го произведува. Помеѓу многубројните кои ја споделија оваа неточна информација е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој на 22 август на Твитер напиша:
„Нашата куќа гори. Буквално. Гори амазонската прашума – белите дробови кои произведуваат 20 отсто од кислородот на планетата. Ова е меѓународна криза“.

6. Лажни фотографии од пожарот од Амазон

Освен неточната информација во твитот на Макрон и фотографијата не е релевантна. Фотографијата навидум е од пожарот во Амазон, но всушност станува збор за фотографија стара 16 години. Голем број славни личности, без да проверат, споделуваа фотографии што не беа никако поврзани со самиот настан. Истата фотографија ја споделија и други славни личности вклучувајќи го и актерот Леонардо Ди Каприо. Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо сподели фотографија која што воопшто не е од Амазон, а Мадона објави фотографија снимена во 1989 година.

7. Лажни фотографии од пожарот во Сибир

Пожарите што го зафатија Сибир, исто така, предизвикаа многу реакции на социјалните мрежи. Во тој куп на реакции и потресни информации, масовно се ширеше фотографија на изгорено зајче за кое се тврдеше дека е резултат на пожарот во Сибир. Но едноставното пребарување на Гугл покажува дека оваа фотографија не е направена во Сибир, туку во Калифорнија во ноември минатата година.

извор: crithink.mk

 

Share62Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ