Институтот за трансфузиона медицина ги повикува и охрабрува оздравените од инфекцијата Ковид-19 да ја покажат својата хуманост со дарување на конвалесцентна плазма.
– Денеска беше посебен ден за Иван Стефановски, кој со голем алтруизам се пријави и даруваше конвалесцентна плазма. Овој крвен продукт ќе биде користен за пациенти кои се лекуваат од корона вирусот, се вели во повикот од ИТЗ.
Инаку, крвна плазма може да дарува оздравено лице од инфекцијата Ковид-19, ако ги исполува стандардните услови за дарување крв и неколку други критериуми, меѓу кои, да имаат лабораториски доказ дека биле болни од ковид-19, да имаат два негативни теста во рок од 24 часа, да се минимум 21 ден без симптоми, по што ќе се направи дополнителен трет тест за да се потврди дека нема присуство на вирус.
Понатаму, женски или машки дарители кои не раѓале односно се негативни на HLA антитела и земање примерок за одредување на концектрација на антитела. Повеќе информации за условите за дарување крвна плазма, може да добиете на сајтот на Институтот за трансфузиона медицина.












