УТРИНСКИ КОЛУМНИ
Но, зошто Државниот инспекторат за транспорт сѐ уште не влегол во компанијата „БЕСА Транс“? Каква врска има оправдувањето на директорот Хусеини за неспроведувањето вонредна инспекција бидејќи на располагање има 13 инспектори, а треба да контролира 2.000 транспортни фирми?! Па, и еден-двајца инспектори се доволни за до денеска оваа итна работа, наложена од Владата, да се завршеше…, читајте во новата колумна на Сашо Орданоски„ Кој кого вози во Инспекторатот за транспорт?“
Денес, кога стравуваме од тоа дека оваа зима може да немаме доволно струја, со жалење можеме да констатираме дека една „калакурница“ која настана околу купувањето на ТЕЦ Неготино едноставно не направи жртви на трговците со увозна, скапа струја. Тоа ја направи власта целосно инертна за инвестиции во енергетиката, се додека нечии џебови се полнеа, пишува Љубомир Костовски во колумната „ Манџурискиот“ енергетски кандидат од Бугарија пред 15 години ја постави на глава нашата инвестициска привлечност“
ЦИВИЛ со осуда на секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин
ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата. Организацијата остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.
ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации и говор на омразата преку онлајн Граѓанска пријава, како и во директна комуникација со организацијата.
ВАЖНИ НАЈАВИ И АКТИВНОСТИ НА ЦИВИЛ
МОНИТОРИНГ на www.civilmedia.mk за да се информираат навремено за сите активности во кои има простор за нивно учество.
ПРОДУКЦИЈА Тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА ќе имаат голем број средби и интервјуа со кандидатките и кандидатите на локалните избори.
АНГАЖМАН ЦИВИЛ е отворен за соработка и за ангажирање на новинар(к)и и асистент(к)и на проекти – до крајот на декември. Потребно е да се испрати биографија и мотивациско писмо на [email protected].
НАСТАНИ
ДЕН НА ЖАЛОСТ: Во земјава денеска е трет ден на жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, а седуммина беа повредени. Владата завчера прогласи тридневна жалост во текот на која знамето на Северна Македонија е на половина копје низ целата држава, како и на дипломатски мисии во странство. Сите јавни настани се одложени, а медиумите ја прилагодуваат програмата со соодветна содржина во согласност со денот на жалоста.
ИСТРАГА: Главниот бугарски обвинител Иван Гешев во придружба на истражители денеска ќе дојде во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Северна Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.
ВЕБИНАР: Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска ќе одржи вебинар за почитување и унапредување на работничките права во медиумите на тема „Зошто и за што работиме?“.
Овој вебинар, ССНМ го организира во рамки на проектот „Дигитално организирање на ЦИЕ“ во партнерство со Union to Union, Меѓународната Федерација на новинари (IFJ) и Шведските синдикати на новинари.
Дел од најавите во овој текст се од сервисот на МИА.
Д. Мишев