Меѓународниот ден на млади Младински образовен форум оваа година го одбележува со петдневна Младинска академија во рамки на Проектот за Младинско изразување. Академијата започна денес и ќе трае до 16 август 2019 година, во Дојран.
На Младинскита академијата учествуваат над 100 млади од Скопје, Тетово, Битола, Велес, Куманово, Неготино и Прилеп кои во наредните 5 дена ќе следат една од четирите програми на младинската академија: аргументирано изразување, институции на Европската унија, медиумска писменост и средношколско учество и организирање. Покрај овие теми, учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на низата изборни предавања, но и да дадат свој придонес во креирањето на првата Младинска декраларција која подоцна ќе биде презентирана пред институциите на национално ниво.
Младинската академија е дел од низата настани со кој Младински образовен форум го одбележува својот 20 роденден. Настанот е дел финансиран од Европската Унија. Академијата е поддржана од Град Скопје, Македонскиот центар за граѓанско образование преку проектот за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието и Американската амбасада.