По средбата со германската канцеларка Ангела Меркел каде се поизвесно станува дека датумот за преговори со ЕУ нема да се додели летово туку во Септември, дома веќе почна да се размислува за иднината на актуелната влада. Извори од СДСМ тврдат дека ситуацијата нема да биде иста и нема да помине без да се спроведе една од најавените сценарија од страна на самиот премиер Зоран Заев, а има и други сценарија кои неофицијално кружат во седиштето на владеачката партија. СДСМ во недела ќе го собере централниот одбор во Струга кадешто се очекуват крупни одлуки меѓу нив и иднината на владиниот состав.
Првото сценарио е предвремени парламентарни избори кои Заев ги најави како можни доколку Еу не додели датум за преговори со Северна Македонија годинава. Имајќи предвид дека доделувањето на датумот само се одложи за Септември, а сепак ќе се додели, ова сценарио станува се побледо. Денеска повеќе преовладуваат другите две сценарија, реконструкција на владиниот кабинет, или смена на повеќето министри, и трето сценарио оставка на премиерот Заев со целиот владин кабинет. Второто сценарио би значело промени на министри и заменици министри од СДСМ, но неизвесно е дали и другите партии би се приклучиле кон оваа одлука, а третата опција ќе значи избор на сосема нова влада. Во третото сценарио е неизвесно дали премиерот Заев ќе бара поддршка за реизбор или ќе предложи друг функционер од неговата партија, но се посигурно станува дека министрите нема да добијат нова шанса, туку ќе се оди на сосема нови имиња.
Арбен Зеќири