• Latest

Тридневна жалост во државата, никогаш не е време за омраза, секогаш е за човечност

September 9, 2021
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Тридневна жалост во државата, никогаш не е време за омраза, секогаш е за човечност

September 9, 2021 17:25
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Тридневна жалост на територијата на целата држава за жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово

Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.

На оваа седница министрите за внатрешни работи и за здравство информираа за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици и истакнаа дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска.

ЦИВИЛ со сочувство за жртвите од пожарот во Тетово: Никогаш не е време за омраза, а секогаш за човечност

ЦИВИЛ упатува искрено и длабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите во страотниот пожар што ја зафати модуларната болница во Тетово, ноќта, на 8 септември. Ова е голема болка за семејствата и блиските на жртвите, но и за целото општество.

Во овие трагични мигови, хуманоста и солидарноста не можат ни оддалеку да ги надополнат човечките загуби, но можат да ја ублажат болката на семејствата и блиските.

Јавноста очекува истрага и резултати од професионалните служби, а не „тросед-истрага“ на социјалните мрежи, која започна истата ноќ.

ЦИВИЛ апелира до јавноста да се дистанцира од непроверени и неофицијални информации за оваа голема трагедија и ги повикува сите граѓанки и граѓани да ги отфрлат и остро да ги осудат сите што манипулираат со фактите и сеат омраза по социјалните мрежи, како и медиумите кои во човечките трагедии гледаат можност за прибирање кликови. Тоа што се случи во Тетово, може да се случи буквално во секое друго населено место во земјава или во светот, но институциите и медиумите се повикани да помогнат во олеснување на последиците од трагедиите.

Пораки со сочувство

ГЕРМАНИЈА Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн, преку својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер, испрати порака со сочувство за трагедија што настана синоќа во модуларната болница во Тетово.

СОВЕТ НА ЕВРОПА Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, изрази сочувство до Северна Македонија за настраданите во пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово.

САД Амбасадорката на САД Кејт  Брнз изрази сочувство за настраданите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово.

АЛБАНИЈА И албанскиот премиер Еди Рама изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите од пожарот, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНДИЦИИ Претседателот Стево Пендаровски денеска во Тетово изјави дека според информациите кои ги добил од надлежните, досега не постојат индиции дека пожарот во модуларната КОВИД болница бил намерно предизвикан. Надлежниот јавен обвинител го информирал дека за околу час до два и формално ќе го завршат увидот кој трае веќе втор ден и во најбрз можен рок потоа ќе излезат со нивниот извештај.

ПОПИС Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет, соопштуваат од ДЗС.

ИЗВЕШТАЈ Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) го изготви Првиот извештај од мониторингот на медиумското известување за локалните избори закажани за 17 октомври за периодот од 7 до 31 август 2021 година. Резултатите од мониторингот на АВМУ покажале дека во овој период не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик.

ЕДИТОРИЈАЛ Храброста и човечноста наспроти бездушноста и омразата

Наспроти оваа незамислива бездушност и омраза, стојат луѓето. Пожарникарите и лекарите на првата линија, а веднаш потоа и новинарските екипи (јавноста) и целиот државен врв, веднаш влегоа во битка со трагедијата.

Некој во тие драматични ноќни часови, кога телефонските повици и разговори со луѓето околу мене се претопија во една огромна френетична маса од информации, полуинформации и длабоко емотивна комуникација, ми рече: „Луѓе што се бореле за здив и тие што се бореле за нивното здравје, живи гореле во огнот.“

Луѓето различно реагираат на трагедиите. Некои на социјалните мрежи почнаа да поврзуваат. За Илинден – пожари во шумите, на 8 Септември, Денот на независноста – пожар во болница. За момент, вниманието застанува таму, но одговорно е да се отфрлат сите мисли што можат човека да го стават под влијание на теориите на заговорот. Грција, на пример, не славеше Илинден, па имаше многу пожари.

– напиша Џабир Дерала во денешниот Едиторијал.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ СДСМ коалицира со 20 политички партии, АА-А ги објави кандидатите за Гостивар, Дебар, Струга и Желино, Шанса за Центар поднесоа листа во ДИК

Денот на независноста, покрај прославата, за жал го одбележа трагедија во Тетово во која го загубиле животот до сега потврдени 14 лица, а десетици се повредени.

Денешното попладневно издание на изборната хроника се однесува на настаните во текот на вечерта (8 септември) до 16 часот денеска (9 септември). Вчера вечерта, пред да се случи трагедијата во Тетово, Алијанса за Албанците и Алтернатива промовираа кандидати за градоначалници, СДСМ потпиша коалиција со 20 партии, Шанса за Центар ја поднесоа листата во ДИК, а ВМРО-ДПМНЕ имаше неколку јавни објави во дуел со СДСМ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во контекстот на таа партиска несигурност е и „поплавата“ од мажи по кандидатските листи, тоа „бегање“ кон маскулинистичкиот модел на нашата културна матрица, таа овдешна преференција за „постигања, хеоризам, наметнување и материјалните награди за успехот“ (Хофштеде), наспроти „женските“ принципи за „соработка, скромност, грижа за послабите и за квалитетот на животот“ (истиот тој Хофштеде)“, Сашо Орданоски во колумната „Локални избори – „сламка за спас“ на партиите“.

„Доколку градоначалникот е од една партија, а мнозинството во Советот е од иста партија, соработката разбирливо тече лесно. Разбирливо е, бидејќи  сите се избрани врз иста понуда пред граѓаните. Градоначaлникот предлага своја програма, а кандидатската советничка листа застанува зад него. Досега не сум видел програма на кандидатска листа во која ќе ги образложат своите посебни цели. Таа е дел од општата партиска изборна програма, а таму има воглавно општи образложенија од типот „ќе се залагаме“…“, Војо Маневски во колумната „Се советува ли градоначалникот?“

„Тивко и тажно е денес во Тетово. Изгубените животи веќе никој нема да ги врати. Граѓаните на Тетово се сè уште во шок и неверување. Тагата по изгубените животи е огромна. Иако раните се свежи, а болката огромна, прашање е дали опшеството и во иднина сериозно ќе ги сфати предупредувањата кои доаѓаат или ќе продолжи со нивно игнорирање, по старо.“, „Ден по пожарот – тивко и тажно е во Тетово“ од Перо Наумовски.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ