„Министерството за труд и социјална политика (МТСП), преку Владата го помина пакетот реформски закони на кои сум исклучително горда. Тие се во собраниска процедура. Очекувам Собранието во скоро време во интерес на граѓаните и сиромашните да ги изгласа, затоа што тие граѓани од пратениците за кои гласаа пред само две години, очекуваат поквалитетен живот“, додаде Царовска одговарајќи на новинарско прашање.
Од Министерството за труд и социјална политика сметаат дека со оваа социјална реформа ќе бидат извлечени 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија и ќе се обезбедат еднакви шанси за секое дете.
Фотографија: Биљана Јордановска