По повод 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, ЦИВИЛ Медиа разговараше со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која истакна дека МТСП и Владата целосно се залагаат за унапредување на правата на лицата со попреченост.
„За првпат во нашата држава се воведе право кое се однесува на интелектуалната попреченост, а тоа е додаток за лица со тешка и најтешка интелектуална попреченост, а тоа е околу 8.000 денари, дотогаш го немаше тоа право и тие граѓан(к)и беа оставени на маргините без никаква поддршка. Дополнително го зголемивме за 20 проценти посебниот додаток за децата што се со попреченост. Ова се да кажам финансиските трансфери што ги зголемуваме. Исто така и родителите на децата со пореченост, прво немаат ограничување до која возраст може да го користат правото на скратено работно време, а второ е дека сумата која ја добиваат од државата, ако порано беше 4.700/900, сега ја направивме до 50 проценти од просечната плата, а во некои случаи покриваме уште 50 проценти, односно до 100 посто на платата кај пониските плати. Тоа е навистина големо зголемување на платата за оваа група на родители кои имаат деца со попреченост.
Она што е важно, градиме услуги, дневни центри коишто ги поддржуваат во секојдневното живеење. Последната работа што мене ми е најдрага е деинституционализација, тоа се оние гломазни институции каде што живееја деца со попреченост, се транформираа. Ние до крајот од оваа година ќе немаме ниту едно дете под 18 години во институциијата која е со попреченост и тоа ми кажува дека работиме на зголемување на квалитетот на живеење, на дневното живеење на сите деца и лица со попреченост во државата.
Дека се уште постојат предизвици – постојат, посебно во делот на активирање и ангажирање. Тука направивме еден голем исчекор, а тоа е воведување на персонални асистенти за првпат во државата, и имаме граѓани кои ги користат и се презадоволни. Тоа е да покажеме дека тие може да бидат продуктивни и да одат на работа. Ако видите во Агенцијата за вработување, порано имаше и сè уште има трансфери кон оние организации коишто се сметаат доминантни за вработување на лицата со попреченост. Тие организации никогаш немаа можност да употребат пари од државата за да имаат работен асистент или припомош кон ова лице на работното место. Сега тоа е обезбедено како право и тие може да го искористат, што значи дека имаме воведено и персонален асистент и работен асистент.
Исто така има многу направено и во здравството, во образованието е направена целосна инклузија, но не би сакала тоа да го зборувам како министер, сепак ресорните министри имаат многу што да кажат на ова прашање. Владата се залага секојдневно да ги унапредува правата на лицата со попреченост во нашата држава“, вели Царовска.
Дехран Муратов
Камера и фотографија: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети