„Како Влада на која што секое дете и е важно, но и која работи на унапредување на родовата еднаквост сметаме дека воведувањето на споделеното родителско отсусво ќе значи многу за раниот развој на детето којшто е многу важен, но и за присуството на двајцата родители на пазарот на трудот, што во пракса најчесто тоа е таткото“, рече министерката Царовска на денешната панел дискусија „Споделено родителско отсуство–Зошто е важно, најдобри практики и искуства“ организирана од граѓанската организација Реактор.
Сегашното законодавство предвидува до седум дена максимално отсуство за татковците. Иако отсуството за мајките е преносливо, тоа не може да се подели помеѓу родителите, што значи дека за да можат татковците да го земат отсуството, мајките мора целосно да се откажат од него.
Царовска најави дека во новото законско решение кое е во фаза на подготовка ќе бидат земени во предвид најдобрите европски пракси и истиот ќе биде изготвен во претходна консултација со сите засегнати страни.
А. П.