• Latest

Царовска: Резултатите од студијата на Коалиција Маргини се доказ за итни промени на содржините во наставните материјали

October 29, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Резултатите од студијата на Коалиција Маргини се доказ за итни промени на содржините во наставните материјали

October 29, 2020 15:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска присуствуваше на презентација на резултатите од последната HBSCM студија –„Однесувања поврзани со здравјето кај адолесцентите на училишна возраст во Северна Македонија”, изработена од Коалицијата Маргини.

На презентацијата се зборуваше како стереотипите и дискриминацијата во содржините на учебниците влијаат врз однесувањето на младите, но и во самите училишни средини, семејството и другарување со врсниците.

Царовска истакна дека образованието е еден од механизмите за промена на стереотипните размислувања и искоренување на родовата нееднаквост и дискриминацијата по било каков основ помеѓу младите во едно општество. Затоа преку модернизација на наставните планови и програми, преку примена на современ концепт на едукација МОН работи на надминување на овие предизвици.

“Министерството за образование и наука веќе развива концепт за целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и средно образование кои поттикнуваат или ја засилуваат родовата нееднаквост и содржат стереотипи. Потребата од воведување на целосно нов систем за изработка на наставни материјали е резултат на  постојаните реакции од јавноста, родителите/старателите, учениците, но и самите наставници за квалитетот на учебниците, долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекување на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности. Со воведувањето на целиот концепт од идната учебна година очекувам надминување на овие долгогодишни проблеми”, рече Царовска.

Резултатите од истражувањето нудат исклучително значајни информации, статистики и анализи за дефинирањето на родовите разлики и нееднаквости со мноштво фактори, ставови, однесувања, практики и здравјето на младите во државата. Но со нивните релации со општеството, родителите, и училиштето, со искуствата на врсничко, семејно и сексуално насилство, како и нивното ментално здравје.

Податоците користени во оваа публикација се добиени во 2018 година, на национален примерок од 4.685 ученици, на возраст на 11, 13 и 15 години, со настава на три наставни јазика, македонски, албански и турски. Истражувањето е спроведено според стандардизиран истражувачки протокол, во 149 основни и средни училишта, од сите региони во земјата.

Студијата, според истражувачите, од 2018 година со учество на учениците од 13 и 15 години, во најширок опсег досега, ги проблематизира традиционалните вредности и норми преку кои се вкоренуваат и репродуцираат родовите нееднаквости, користејќи истражувачка евиденција од повеќе извори, со чија помош можат да се проценуваат и да се следат ефектите на доминацијата и контрола што овие вредности ги промовираат, врз здравјето и врз добросостојбата на младите.

Основниот интерес за темата на родовите нееднаквости се потпира врз богата истражувачка евиденција за однесувањата поврзани со здравјето на децата од Северна Македонија, чии одговори сведочат за улогата на семејството, но и на училиштето, врсничката група, медиумите и јавните простори во кои младите се воспитуваат.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ