Вицепремиерката Мила Царовска одржа зум состанок на Управен одбор на проектот за Локална и регионална конкурентност, на којшто присуствуваше преставникот на Европската комисија Никола Бертолини, преставници од Светска банка, како и преставници од проектната единца.
На состанокот, беше разгледан полугодишниот извештај за периодот ноември 2019- јуни 2020 година за динамиката на реализацијата на проектите со кои треба да се унапреди туристичкиот сектор во државата.
Царовска истакна дека проектите се реализираат според предвидената динамика и дека тие придонесуваат за поголема развиеност на локалните заедници во атрактивни туристички дестинации.Според извештајот досега се потпишани договори за вкупно 61 проект, 25 се целосно реализирани, а 36 се во тек на реализација.Меѓу позначајните проекти се: целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, реконструкција и пренамена на стар објект во мултимедијален центар во Општина Вевчани, изградба на вештачка планинарска карпа и поставување на друга урбана опрема во Крушево, изградба на адреналински парк во Карпош и уште неколку други прокети со кои се придонесува за поголем и побрз развој на езерскиот, винскиот и екотуризмот низ државата.
Проектот за Локална и регионална Конкурентност (ПЛРК) е четиригодишна операција за инвестиции, поддржана од Европската Унија користејќи фондови од ИПА 2 наменети за конкурентност и иновација во Северна Македонија. ПЛРК е управуван како хибриден фонд и се состои од четири компоненти, извршени од страна на Светска Банка и Владата. Проектот овозможува фондови за инвестиции и градење на капацитети за поддршка на развојот на секторот, инвестиции за развој во дестинации и специфични дестинации. На локално и регионално ниво, Проектот поддржува селектирани туристички дестинации во земјата преку комбинација на техничка поддршка за развој на управувањето со дестинации, инвестиции во инфраструктура и инвестиции во поврзување и иновативност. Инвестициите се реализираат со грант шема во регионален туризам, како што се локалната самоуправа, институциите, НВО и приватниот сектор.Вкупниот Буџет на проектот е 22.914.925 евра.