• Latest

Царовска: За 18 отсто зголемен бројот на ученици кои следат онлајн настава

October 27, 2020

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: За 18 отсто зголемен бројот на ученици кои следат онлајн настава

October 27, 2020 12:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од стартот на учебната година до денес за 18 проценти се зголеми бројот на ученици кои следат онлајн настава, соопшти денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, пренесува МИА.

Според Царовска, наставниците ги стекнаа потребните вештини, а учениците навиките и онлајн наставата се одвива солидно. За еден месец постигувањата се добри, до 20 ноември ќе треба да се формираат и првите оценки.

Упатствата за формирање оценки за првото тримесечие, потсети министерката, се веќе испратени до наставниците и директорите, што беше и јавно објавено. Онаму каде што ќе има предизвик во формирањето на оценката за онлајн и следење настава на далечина, ученикот ќе може да се повика на индивидуална средба за поквалитетно потврдување на нивото на неговото знаење.

„Тогаш ќе ги видиме предизвиците. Затоа сме во дневна комуникација и со директорите и со градоначалниците, за да може што поквалитетно да се постави овој систем. Предизвици постојат, но ме радува што се постигна континуитет во наставата и што и родителите и учениците ја чувствуваат разликата од оној период кога немаше никаков тип онлајн настава“, истакна Царовска, одговорајќи на ноивнарски прашања по презентацијата на резултатите од Јавниот повик на ФИТР за доделување финансиски средства преку иновациски ваучери.

Царовска смета дека веќе утврдениот начин на настава треба да остане и да се одржи до крајот на школската година. За ротирање ученици на една недела ќе се размислуваше ако состојбата, како што рече, останеше на ниво на 1 октомври и ако се намалуваше бројот на новозаразени, што не е случај.

За децата кои следат настава од далечина, преку телевизија, министерката информира дека Државниот просветен инспекторат проверува дали до нив се доставуваат материјалите.

„Резултатите што ги добив досега се позитивни. Вчера попладне беше испратена апликација до сите училишта да одговорат на кои начини и колку редовно се во комуникација со учениците кои следат настава од далечина, преку телевизор“, напомена Царовска.

Во однос на ситуацијата со корона вирусот, информира дека кај 0,06 проценти од вкупниот број  ученици има позитивни случаи и кај 0,58 отсто од наставниците. Во реални бројки, се работи за 40 ученици и 52 вработени – наставен и останат кадар во школите.

-Ова е бројка што се појавува и заради зголемувањето на бројот na новозаразени во државата. Но, ситуацијата е стабилна, потоколите се почтиуваат и имлементираат. Затоа и нема рапидно зголемување на бројката кај наставата со физичко присуство, подвлече Царовска.

Од Министерството за образование и наука денеска информираа дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со КОВИД-19.

Според министерството, согласно овие податоци, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот.

„Според извештаите кои училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259.235 ученици на ниво на држава процентот на заразени изнесува само 0,06%, а од вкупниот број 27.955 наставници и друг кадар овој процент изнесува 0,58%, што е далеку под еден процент. Во рамки на наставата со физичко присуство, регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на корона вирусот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта. Во сите овие случаи се реагира навремено според препораките на Центрите за јавно здравје, со што се спречува трансмисија на вирусот“, стои во нивното соопштение. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ