• Latest

Целосен договор со Бугарија е можен во септември, но потребно е зелено светло за преговори

June 27, 2021
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Целосен договор со Бугарија е можен во септември, но потребно е зелено светло за преговори

June 27, 2021 10:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Целосен договор со Бугарија треба да има три компоненти – билатерално дефиниран патоказ,  португалскиот предлог за неговата позиција во европскиот процес и зелено светло за почеток на преговорите.

Таков договор е можен во септември годинава, според шефот на дипломатијата Бујар Османи, но за тоа е потребно во наредниот период да се продолжи, така што словенечкото претседателство ќе го преземе португалското решение, Бугарија ќе каже дека го прифаќа дефинираниот патоказ, што е индицијата според содржината на писмото од бугарското МНР и државата да добие зелено светло за почеток на преговорите во септември.

Додека бугарскиот МНР Светлан Стоев во писмото до Османи, изразува очекување за спроведување на, како што се вели, преземените обврски од Република Северна Македонија, нашиот шеф на дипломатија Османи е категоричен дека обврски не се преземени и тоа биле само предлози и идеи за содржината на патоказот, на што Софија требало да одговори пред самитот на 24 јуни.

Сепак за Османи, позитивна страна на ова писмо е дека во него се цели дека сите предлози коишто се дадени се прифатливи. Според бугарското МНР, при последната посета во Софија, било разговарано за следните пет точки од патоказот, според кои Република Северна Македонија треба:

– да испрати вербална белешка до ООН дека краткото и долгото име на земјата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион „Северна Македонија“, дел од кој се наоѓа и во рамките на суверените граници на Бугарија.

– да ги повлече своите малцински претензии против Бугарија, потврдувајќи дека нема историски, етнички или други основи за барање статус на малцинство за која било група на луѓе, кои не се нејзини државјани, на територијата на Република Бугарија. Ова би било во согласност со клаузулата за немешање во внатрешните работи на Бугарија, утврдена во член 11 став 5 од Договорот од 2017 година.

– да започне процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам, репресирани на нејзината територија, поради нивната бугарска самосвест.

– да ја прилагоди со Бугарија содржината на нејзините наставни програми со цел објективно да ја рефлектира нашата заедничка историја, зацртана како централен елемент на Договорот за соседство, како и со цел да се елиминира образовната содржина што предизвикува омраза кон Бугарија.

– да ги идентификува заедно со Бугарија и да ги отстрани знаците и натписите на територијата на Република Северна Македонија, кои шират омраза кон Бугарија и Бугарите.

За тоа колку овие идеи ќе се преточат во обврски, доколку има одблокирање на евроинтегративниот процес од другата страна, Османи вчера на прес-конференција, потврди дека дебатата по однос на дефинирањето на патоказот се движи во таа насока, но дека тоа само покажува дека не се преговара за идентитетските прашања.

За краткото име, Османи рече дека, идејата била со една изјава, една нота да се надминат разликите и да се укаже дека краткото име – Северна Македонија е исто, како што е и долгото име – Република Северна Македонија.

Во однос на малцинските прашања, шефот на дипломатијата вели дека Амандманот 36 од Уставот, донесен по усвојување на Преспанскиот договор, веќе тоа прашање го регулира.

– Дека Република Северна Македонија презема обврска да не се меша во внатрешните прашања, освен за своите државјани, во државите во регионот. Тоа право го има Судот во Стразбур, кој што ги регулира индивидуалните малцински прашања на граѓаните, кои што живеат секаде низ Европа, изјави Османи.

По однос на прашањето за книгите, посочи два момента, прво – дека опашките на книгите од еден претходен сојуз од Југославија се непотребно бреме во новите сојузи, и второ – дека во делот на разликите во историските интерпретации историската комисија останува да биде инструмент или платформа за изнаоѓање заеднички погледи.

– Тука нема ништо спорно, затоа што тоа е обврска од Договорот од 2017 година, па и во однос на говорот на омраза и спомениците, за кои што, бугарската страна ги смета за навредливи, појасни Османи.

Писмото од бугарското МНР, претседателот на државата Стево Пендаровски го оцени како маркетиншки трик. Тој изјави дека нема што да бараме од Бугарија се додека во Софија не се направи политичка Влада и не се конституира Парламент кој ќе има мандат од четири години. Негова препорака е сега, во овој период, Владата да се задржи на акциските соработки со Бугарија со кои се гради довербата, но не и да се разговара за главните точки на разединување.

– Моја препорака до Владата е да се задржи до секторските, акциските соработки и воопшто да не се обидува сега, во овој период, или во наредниот, ако немаат шанса да направат Влада, да направи пробив по тие прашања, изјави Пендаровски.

Во однос на обвинувањата од опозицијата дека Владата го распродава државниот идентитет, Пендаровски, повикувајќи се на она што му го кажал премиерот, рече дека такво нешто, нема.

– Не можам да шпекулирам дали тоа се случувало. Можам да ви кажам само што премиерот ми кажа дека е разговарано. Од се што мене премиерот ми го кажа, нема такво нешто, ниту пишано, ниту вербално. Тоа е она што го знам, рече Пендаровски.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ