• Latest

Целосна интеграција во НАТО, се работи за почеток на преговорите годинава, на Меѓународниот ден на толеранцијата ЦИВИЛ со повик за борба против говорот на омраза

November 16, 2021
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Целосна интеграција во НАТО, се работи за почеток на преговорите годинава, на Меѓународниот ден на толеранцијата ЦИВИЛ со повик за борба против говорот на омраза

November 16, 2021 16:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Потпишана заедничката декларација со НАТО, од денеска земјата е целосно воено интегрирана во Алијансата

Со потпишување на заедничката декларација од страна на командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињите и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска официјално се заокружи процесот на воено интегрирање на Република Северна Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата.

Средба на ремиерот Заев, министерката за одбрана Шекеринска и генералот Лавињ

На церемонијата за потпишување на заедничката декларација, во вила Водно, присуствуваа и претседателот и Врховен командант на Вооружените сили Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Се работи на старт на преговори годинава

„Нашата позиција останува непроменета. Со нетрпение ја чекаме првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија. И двете земји ги исполнија условите и сега е на ЕУ да испорача, му порачал еврокомесарот на шефот на македонската дипломатија, Комисијата ќе остане во близок контакт со сите релевантни страни и ќе продолжи да работи со словенечкото претседателство за да се постигне нашата заедничка цел за одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија уште оваа година, велат од Европската Комисија и ги охрабруваат С.Македонија и Бугарија да изнајдат заеднички прифатливо решение за билатералните спорови“, изјави портпаролката на ЕК, Ана Писонеро.

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на толеранцијата, ги повика политичките субјекти и институциите да се борат против говорот на омразата

На Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, ЦИВИЛ потсетува  и повикува на јакнење на јавната свест за опасностите од нетолеранција, ги промовира и универзалните човекови права и слободи, почитување, прифаќање и уважување на различноста, волја и способност за обединување на различностите е независно од политичките, верските, расните, сексуалните и други убедувања.

Граѓанките и граѓаните се повикани да негуваат взаемна солидарност, почит и разбирање, да ги почитуваат различностите во секојдневната комуникација и во воспитувањето на младите генерации.

Образовните и културните институции, медиумите и граѓанското општество се меѓу најповиканите да спроведат програми за едукација на младите генерации за потребата од изградба на толерантно, инклузивно и мирољубиво општество во кое се почитуваат различностите како квалитет и предност.

Нов проект на ЦИВИЛ

Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето

ЦИВИЛ го започна проектот „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка од Глобална иницијатива против транснационален организиран криминал и Резилијанс фонд.

Во рамките на проектот, ЦИВИЛ ќе прибира и ќе ги систематизира податоците за легислативните процеси и мерки, операциите за собирање на нелегалното оружје, како и процесите за амнестија на лицата што поседуваат нелегално оружје во периодот 2001-2021 година.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница реши да поведе иницијатива до Јавното обвинителство за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година поради сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Е -112  Во употреба се воведува европскиот број за итни повици Е-112. Во случај на несреќа, граѓаните ќе можат да се јават на овој број и да го пријават настанот. Во исто време, преку координација од Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе се ангажираат сите единици, полицијата, итната медицинска помош и бригадата за противпожарна заштита. Се уште остануваат во функција телефонските броеви 192, 193, 194.

КОАЛИЦИЈА Алтернатива следната недела ќе реши дали ќе биде дел од новото парламентарно мнозинство, а одлуката за тоа дали партијата ќе влезе во Владата ќе биде донесена по најавената средба на партискиот лидер Африм Гаши со премиерот Зоран Заев.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во секој случај, како и да заврши оваа епизода во македонско-бугарските односи, ваквиот развој на настаните потврдува дека авантурата со соборувањето на сегашната Влада во Скопје ќе беше политички „луксуз“ што никому овде не му е потребен. Проценките на Кастриот Реџепи излегоа попаметни од зовриените – па оладени – амбиции на целиот опозициски фронт, вклучувајќи ја и „брзата птица тркачица“ Заев со најавата за својата премиерска оставка.“, Сашо Орданоски во колумната “Гласачкото ливче за појадок, ручек и вечера“.

„Нивото на демократијата во една држава (на овој степен од развојот на државноста) дефинитивно зависи од тоа што и како прават политичките партии, за што се залагаат и како се однесуваат. Развојот на демократската држава е невозможен без постоењето на политичките партии, меѓутоа не секоја политичка партија има демократски капацитет потребен за исполнување на оваа улога.“, Мирјана Најчевска во колумната „Ќорсокакот наречен Македонија“.

„На границата помеѓу Полска и Белорусија и понатаму владее хаос. Илјадници мигранти сакаат да преминат во Полска. Европската унија ја обвинува Белорусија дека ги охрабрува мигрантите да ја урнат оградата на границата и да поминат на територија на ЕУ што во ЕУ се толкува како хибридна војна, односно освета на Минск за санкциите кои се наметнати на Лукашенко поради  кршење на човековите права во оваа држава за време на минатогодишните избори.“, Александар Николиќ Писарев во анализата „Кој манипулира со мигрантите“.

Д. Тахири

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ