Грчкиот премиер Алексис Ципрас денес во 18:30 часот ќе побара од претседателот Прокопис Павлопулос распуштање на парламентот и распишување нови избори.
Откако од претседателот на државата Прокопис Павлопулос ќе побара распишување предвремени избори кои би се одржале на 7 јули, се очекува Алексис Ципрас веднаш потоа, во 20 часот, да ја презентира изборната програма на својата Сириза. Програмата, меѓу другото, предвидува отворање 500.000 нови работни места во наредните четири години и зголемување на минималната плата. Главните столбови на програмата, како што велат нејзините автори Јанис Драгасакис, Ефклидис Цакалотос и Алексис Харицис, се „отворање нови работни места со повисоки плати, праведно оданочување и ефикасна државна, развој за сите и безбедност за општеството“.
Предвремените парламентарни избори во Грција се последица од поразот на партијата на Ципрас, Сириза, на европските и регионалните избори кои се одржаа во неговата земја.