Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе побара гласање за доверба на владата во грчкиот парламент по денешната одлука на Панос Каменос и неговите „Независни Грци“ да се повлечат од Владата.
Седницата за гласање доверба најверојатно ќе биде закажана за вторник и ќе трае до четврток на полноќ со гласање, јавуваат грчки медиуми.
Денешната средба на двајцата коалициони партнери траеше околу половина час, по што министерот за одбрана Панос Каменос изјави дека излегува од грчката влада како знак на протест против Договорот од Преспа.
М. И.