„Овозможувачката околина е еден од најважните предуслови за да се овозможи одржливост во секоторот на граѓанското општество… Фактот дека Швајцарија и понатаму го поддржува граѓанското општество само по себе зборува за посветеноста во креирањето на одржлива средина за граѓанското општество, но она што е уште поважно дека и Владата и другите институции работат во таа насока… Сите ние сме свесни дека за една овозможувачка средина не е доволна само финансиската поддршка, потребни се и други предуслови вклучително и промена на перцепцијата за улогата на граѓанското општество во корис на граѓаните“, изјави Н.Е. Сибил Сутер Тејада, амбасадорката на Швајацарија на почетокот од вчерашниот тематски форум „Овозможувачка околина за развој на граѓанското општество“ во организација на Цивика Мобилитас.
Во фокусот на форумот беше Извештајот за овозможувачката околина за граѓанските организации за 2018 година, како и регионалната состојба на ова поле. Говорници на форумот беа Симона Огненовска, МЦМС, Гордана Гапиќ Димитровска, МИОА и Билјана Спасовска, БЦСДН. Модераторка беше Емина Нурединоска од МЦМС. Освен Н.Е. Тејада, воведно обраќање имаше и АЛександар Кржаловски, извршен директор на МЦМС.
„Она што се наоди во самиот извештај укажуваат на прогресот, односно позитивни промени споредбено со претходните години во речиси сите три оббласти што ги анализиравме, а тоа се основните слободи и права, одржливоста на граѓанските организации и соработката“, изјави Нурадиноска.
Клучните препораки од Извештајот за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество за 2018 што се однесуваат на слободата на здружување се измените на Кривичниот законик за изземање на претставниците на здруженијата и фондациите од одговорност за злоупотреба на службена положба, спроведување на мерките поврзани со справување со перење пари, финансирање терирзам во соработка со граѓанските организации и олеснување на процедурите при регистрација на проектите ослободени од ДДВ.
Што се однесува до поддршката од државата во Извштајот се препорачува формирање повеќесекторска работна група за отпочнување на целосна реформа на системот на финансирање на граѓанските организации од државата, обезбедување институционална поддршка, како и унапредување на транспарентноста, ефективноста и отчетноста на постапката на дистрибуирање на финансиските средства.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов