Categories

МЕМОРАНДУМ ЦИВИЛ и Општина Тетово заеднички против насилниот екстремизам

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска ќе одржи работна средба „Заедниците против насилниот екстремизам“, во малата сала на општина Тетово, од 13,00 – 15,00 часот.

На работната средба e поканета градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, како и претставници на локалната власт и институциите, полицијата, училиштата, како и организациите на граѓанското општество.

Работната средба ќе започне со потпишување на Меморандум за соработка меѓу ЦИВИЛ и Општина Тетово во сферата на превенција од насилниот екстремизам, радикализацијата и тероризмот.

На средбата, претставниците на ЦИВИЛ на учесниците ќе им го презентираат проектот чија цел е да се придонесе кон јакнење на отпорноста на локалните заедници против насилниот екстремизам, преку формирање на работни групи во заедниците, граѓанска едукација и јакнење на јавната свест.

Овој настан е одлична можност претставниците на различни заедници и засегнати страни, како и носителите на одлуки на локално ниво да се запознаат со нови начини на граѓанско организирање со цел да се надминат предизвиците што ги носи насилниот екстремизам.

ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email