Соопштение на ЦИВИЛ
ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, во чија структура функционира и организациската единица ЦИВИЛ МЕДИА, посветена на слободата на изразувањето и медиумските слободи, со внимание ги следи реакциите по изборот на Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ.
Раководните органи на ЗНМ се должни пред своите членови и пред јавноста да дадат јасни и недвосмислени одговори на прашањата за легитимноста на изборниот процес во оваа организација.
Ова е дотолку поважно, со оглед на фактот дека ЗНМ е организација што е вклучена во низа реформски процеси и е организација што номинира членови на важни државни институции и регулаторни тела, како што е АВМУ.
Оттаму, итно е потребна максимална транспарентност на постапката и кристално јасни одговори на прашањата поставени веднаш по изборната постапка.
фотографија: архива на ЦИВИЛ МЕДИА