ЦИВИЛ денеска одржа инфо-штанд посветен на промоција на европските вредности и интеграции, во општините Прилеп, Могила и Новаци.
Граѓанките и граѓаните заеднички со тимот на ЦИВИЛ, во директна комуникација, имаa можност да ги споделат своите размислувања и ставови во однос на демократските процеси во земјата и да бидат дел од креирањето на јавното мислење на локално и национално ниво.
„Европа е наш дом“ е проект посветен на мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области, но пред сѐ главната цел е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија.