По јавните настани, средбите со претставниците на локалната власт, невладините организации, граѓанките и граѓаните во Штип, Велес, Скопје и вчера во Куманово, ЦИВИЛ денеска ќе биде во Гостивар и гостиварско, а дел од тимот ќе го посети и Тетово како дел од проектот „Акција-Интеграција“.
Граѓанките и граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со проектните активности на ЦИВИЛ. На работилницата во Гостивар се очекува своите заложби на овие теми да ги презентира градоначалникот Арбен Тарави пред учесниците.
Во Тетово, Врапчиште и Гостивар тимот на ЦИВИЛ преку инфо-штандови и анкети ќе им пружи можност преку свои идеи и предлози да придонесат кон промовирање на еворпските вредности и злелени иницијативи.
ЦИВИЛ го спроведува проектот „Акција – интеграција“ во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, посветен на промоција на европските и зелените вредности, демократските вредности и антинационализмот.