ЦИВИЛ во живо со Џабир Дерала, видео прилог во кој ќе слушнете малку повеќе за панел дискусијата „Какви закони, такви избори“, закажана за среда, 12 мај. Исто така, Дерала сподели еден дел од препораките на ЦИВИЛ за изборните реформи. Една изборна единица и сосема нов изборен законик се дел од тие препораки.
„Изборниот законик досега е менуван повеќе од 30 пати. Ако вие прекроите еден костум 30 пати, на што ќе личи тоа? Треба да го фрлите во канда. Така и со законот. Но, тоа секако не може да се случи оваа година, бидејќи имаме избори“ – вели Дерала, меѓу другото во прилогот ЦИВИЛ во живо.
Прилогот ЦИВИЛ во живо се емитува секој работен ден на Фејсбук профилот на ЦИВИЛ, а по емитувањето се објавува и на Јутуб, видео канал со преку 3,000 видео содржини и повеќе од 1.600 претплатници.
Б. Јордановска
камера и монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ирена Крџиќ