fbpx
  • Latest

ЦИВИТАКС: Општествен консензус за поголеми и поширокоопфатни даноци

August 12, 2022

НАТО испраќа дополнителни сили во Косово

September 29, 2023

Истанбулската конвенција стапува во сила во ЕУ на 1 октомври

September 29, 2023

Ковачевски: „ФЕЦ Новаци“ најголемата приватна фотоволтаичната централа на Балканот е чекор напред кон нашата енергетска независност

September 29, 2023
Фото: Скриншот

Руските окупатори не им дозволуваат на жителите на Севастопол да влезат во засолништето за бомби за време на тревога

September 29, 2023

Во Скопје одбележан Денот на Бошњаците

September 29, 2023

Тренчевска: Политиките треба да бидат насочени не кон полова, туку кон родова еднаквост

September 29, 2023
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИТАКС: Општествен консензус за поголеми и поширокоопфатни даноци

August 12, 2022 09:52
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Најавените „даночни реформи“, се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни, наведува Групата ЦИВИТАКС во денеска објавениот став за предложената даночна реформа, пренесува МИА.

Од таму велат дека овие таканаречените „даночни реформи“ се фокусираат и се базираат само на зголемување на даночна база заради фискални цели и порачуваат дека даночни реформи се повеќе од прибирање на приходи во централниот буџет. Даночни реформи, посочуваат, треба да бидат најмалку заради фискален ефект, а повеќе за: ефикасен и еднаков третман на економски оператори, обезбедување на еднаков даночен товар на даночните обврзници и отстранување на пазарни девијации, јасно дефинирање на даночни цели, стабилност и предвиливост на даночниот систем, јасно кодифициран административен даночен систем во законската и подзаконската регулатива кој овозможува максимизирање за усогласување со даночната регулатива од страна на даночните обврзници, јасна поврзаност на даночниот систем со фискалните, економските и социјалните цели во државата, итн. Оттука, стои во ставот, Група ЦИВИТАКС укажува на недоследности, недоречености, нетранспарентност и недостаток на стратешки пристап за да навистина се влезе во даночни реформи.

Според ЦИВИТАКС, недостасува консултација со целосни и истовремено достапни информации за сите.  Укажуваат дека даночните измени, од кои дел имплицираат важни промени во даночниот систем, не се објавени официјално, туку во јавноста проциркулира презентација која Министерството за финансии ја користело на досега-изведените средби со бизнис секторот.

Смета дека е потребен општестевен консензус за поголеми и поширокоопфатни даноци. Бара Владата да елаборира за напредокот во борбата со сивата економија, во смисла на остварени резултати, пред да може квалитетно да се дискутира за какви било даночни измени.

Како што стои во ставот, Групата ЦИВИТАКС остро се спротивставува на намерата да се воведат придонеси на договори за привремено и повремено вршење работа, од повеќе причини. Сегашната намера да се воведат придонеси на договорите за привремено и повремено вршење работа е решение кои припаѓа на друго време во кое и сегашната владејачка партија, а тогашна опозиција, истото го напаѓаше и критикуваше. Со сегашната намера за определување придонеси на овие договори, третманот на надоместот се менува од промет од извршени услуги во приход од работа. Ваквото произволно и паушално менување на правниот (и даночниот) третман на надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа е сериозно удирање по правните темели и флагрантно поткопување на владеењето на правото. Без анализа на тоа кои се лицата кои вршат привремена и повремена работа, дејноста во која тоа го прават, нивниот профил и сл., секое решение е однапред осудено на малверзации и, во крајна линија, неможност за имплементација, образложува Групата ЦИВИТАКС.

Порачува дека не прифаќа воведување придонеси на надомест од повремена и привремена работа и обидот го смета за флагрантно поткопување на владеењето на правото. Го поздравува отстранувањето на прагот за неплаќање социјални придонеси на доходот од вработување, што, како што посочува, било нивно барање од ноември 2018 година.

Ја поздравува дебатата за прогресивниот данок на личен доход, Смета дека перспективата Северна Македонија треба да цели кон одредена прогресивност кај доходите на граѓаните и компаниите, но укажува дека оваа дебата треба да се отвори многу порано, најмалку на почетокот на годината, да трае, со вклученост на засегнатите страни и граѓанското општество, до постигнување целосно прифатливо решение. Притоа, како што потенцираат, инсистирање на решение за прогресивен данок на доход во услови на повеќекратна криза, во овој период во која земји како Шпанија и Полска воведуваат дополнителен данок на екстра-профитабилни дејности кои таквите профити ги оствариле во време на криза, е најблаго речено поразително за носителите на политиките.

Според Групата Цивитакс, потребен е и општествен консензус за трошењето на народните пари. Владата, потенцира, мора да поработи на ефикасноста на расходната страна на буџетот, на зголемена одговорност и отчетност, на зголемување на казнивоста на злоупотреба од висока корупција и целосно одробување на државата, како што е елаборирано од почетокот на овој став. Исто така, да работи на намалување на нејзината улога на пазарите за да остави средствата да бидат ефикасно алоцирани од економските оператори, да го намали бројот на регулаторните тела и разни буџетски корисници од прва линија кои не ја извршуваат функцијата за која постојат и ќе мора да го консолидира обемот на јавниот сектор. Воедно и да го намали државниот апарат и мора да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација до степен кога мора да има и отпуштања на оние кои не можат да ги совладаат потребните вештини и знаења за да одговорат на потребите на граѓаните.

Основачки членки на Група ЦИВИТАКС кои, според соопштението, во краток рок дале согласност за ставот за даночните реформи се: Центар за економски анализи, Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, Центар за даночна политика, Институт за општествени и хуманистички науки, Фондација Отворено општество – Македонија, Транспаренси Интернешнл – Македонија, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Евротинк – Институт за европски стратегии и Центарот за управување со промени.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Share
germanEmb
hbs

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Uslovi
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • ES-PRESS-O
  • ЕДИТОРИЈАЛ
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ, АВТОРСКИ ПРАВА И ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
  • МАРКЕТИНГ