Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, му го довери мандатот на Зоран Заев, од кој добил уверување дека ќе има парламентарно мнозинство за формирање Влада.
Христијан Мицкоски, од своја страна, обвини дека со доделувањето на мандатот, Уставот е прекршен и тоа од претседателот Пендаровски зашто на Заев му го дал мандатот без тој да му приложи доказ дека обезбедил мнозинство. Според Мицкоски, Пендаровски дозволил мандатот да биде узурпиран од Зоран Заев.
Мицкоски и неговите сопартијци заминаа во Вила Водно, да побараат објаснување од Пендаровски. Одговорот очигледно не ги задоволил, па Мицкоски по средбата изјави дека од овој момент односите со претседателот се замрзанти. Пендаровски изјави, пак, дека до овој момент дека 61 пратеник никој нема, но дека Заев ветил дека работи на мнозинство и дека веќе е во приговори со другите политички партии.
Ниту еден претседател до денес, за тоа нема ниту еден доказ во архивата на Кабинетот, дека се доверил мандатот со гарантирано мнозинство, изјави Пендаровски, додавајќи дека во два случаја мандатот бил и вратен. Пендаровски потсети дека истото важи и за Заев, доколку во рок од 20 дена не успее да добие парламентарно мнозинство. Во тој случај ќе го врати мандатот.
За односите кои ги „замрзна“ Мицкоски, Пендаровски рече дека, во слуај Заев да врати мандатот, тој е сигурен дека во истиот момент ќе се појави Мицкоски да го бара, иако односите му се замрзанати.
За потсетување, во 2006 година на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски му го додели мандатот да состави влада, иако немаше парламентарно мнозинство, односно Груевски победи на изборите со само 45 пратенички места.
Во 2016 година тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, врднаш го додели мандатот на Никола Груевски да состави Влада. Како што потсети и Пендаровски, Груевски не се ни појави пред пратенците, знаејќи дека нема парламентарно мнозинство. Притоа, тој потсети дека единствениот случај кога претседателот барал изјави и нотарски заверени потписи е тој кога Иванов го барал тоа од Заев. И тоа, само откако Груевски не успеа да прибере доволно поддршка како мандатар од кој не се бараше никаква гаранција!
Ова се само дел од примерите кога немало забелешки не било проблем за доверување на мандат без парламентарно мнозинство.
„Мнозинството од 61 пратеник не се утврдува кај претседателот кога го дава мандатот со потписи или со нотарски заверени изјави, туку се утврдува на денот на гласање во Собранието за новата Влада“, истакна претседателот Пендаровски.
Биљана Јордановска