Полицијата во Истанбул вчера, на денот кога секоја година низ светот се бара стопирање на насилството врз жените, жестоко се спротивстави на неодобрениот феминистички протест на жените пренесува АФП.
По напнатата ситуација со полицијата, која траеше речиси еден час и половина, демонстрантките извикуваа слогани во околните улици пред тие се разделија.
Полицијата целосно го спрелчи другиот неодобрен митинг во Истанбул на азиската страна на градот.
Според АФП, насилството врз жените е тема која постојано се повторува во Турција, каде што стотици жени се убиваат секоја година.
Оваа година во Турција веќе 409 жени се убиени, во споредба со 328 од претходната година.
Иако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган редовно го осудува насилството врз жените, здруженијата ја обвинуваат владата дека не презема доволно мерки и одржува клима на неказнивост на оваа точка.