Categories

ИНТЕГРАЦИИ Туск: Не сите земји се подготвени да ја донесат одлуката за преговори со ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по средбата со претседателот Стево Пендаровски во Брисел изјави дека во изминатите две години Северна Македонија ги испорачала сите правни политички сигнали кои ги очекувала ЕУ, при што централна тема на разговорите бил датумот за отпочнување преговори.

„Вие направивте се што се очекуваше од вас. Но, сакам да бидам искрен, не сите земји- членки се подготвени да ја донесат одлуката за отворање на преговорите во наредните денови. Јас лично верувам дека може да има само една одлука, да започнат преговорите во линија со препораката на Европската комисија и за Северна Македонија и за Албанија. Прашањето денес не е дали, туку кога. Јас сум претпазлив, бидејќи за постигнувањето на консензус меѓу сите 28 земји- членки на ЕУ е потребно повеќе време, отколку што јас би сакал. Но нема сомнеж дека местото на вашата земји и целиот регион е во ЕУ“, рече Туск.

„Свесни дека се потребни уште реформи и се согласувам дека имама слабости и дека ни престои уште многу работа. Но морам да истакнам една балканска политичка реалност.Но ние сме најефикасни тогаш кога имаме пред нас имаме конкретни задачи, а преговорите за членство се најдобра реформска алатка“, рече тој.

Print Friendly, PDF & Email