ТВ24 ексклузивно дознава дека – утринава премиерот Заев повикал на средба двајца министри, неколку директори на агенции, први лица во обвинителствата и судовите.
Според ТВ 24, на средбата, премиерот барал детални информации за чекорите кои институциите ги преземале пред и за време на бегството, како и за можните пропусти во постапките. На средбата имало јасни и високи тонови, додека институциите покажувале со прст една на друга. Заев бил видно лут, па дури и се заканил дека доколку не се пронајде Мијалков, ќе има итни разрешувања, а од останатите јавно ќе побара одговорност.