Австралиската полиција го уапси мажот поврзан со испраќањето на 38 сомнителни пакети кон конзулатите и амбасадите во Канбера, Мелбурн и Сиднеј, објави Би-Би-Си.
Во средата неколку конзуларни службеници повикаа итни полициски тимови за сомнителни пратки.
Содржината на пакетите се уште не е јасна. Нема докази за повредени работници.
48-годишниот маж е уапсен под обвинение за испраќање опасни предмети по пошта.
За такво дело, законот во Австралија предвидува казна за „лишување од слобода” до 10 години.
Според информациите од локалните медиуми, конзулатите кои примиле сомнителни пратки се Обединетото Кралство, Швајцарија, Пакистан, Индија, Грција, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Италија, Шпанија и Франција.
М. И.