Поранешен началник на Секторот за внатрешни работи – Тетово, бил уапсен вчера од тетовската полиција. Од таму информираат само за иницијалите и дека кај него се пронајдени една автоматска пушка, пиштол и миниција. ЦИВИЛ Медиа, од сигурни извори, дознава дека се работи за поранешен началник кој на ова функција бил во 2001 година.
“На 19.07.2019 во 21 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на улица Андреја Стојановиќ кај Р.Р.(63) од Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со рамка, 29 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 мм, еден пиштол „Глок“ со една рамка со шест куршуми, 25 куршуми пиштолска муниција калибар 7,62 мм и седум куршуми пиштолска муниција Магнум 357. Р.Р. бил приведен и по целосно документирање на случајот , против него ќе биде поднесена соодветна пријава”, информира портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.
А. Зеќири